1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ремдесивир против Ковид-19: Зрак на надеж?

АРД
24 април 2020

Насекаде во светот се бара лек за Ковид-19. Калифорнискиот фармацевтски концерн Гилеад јавува за првични успеси со ремдесивир. Но, компанијата во минатото беше и предмет на критика,меѓу другото поради лек за ХИВ за деца.

https://p.dw.com/p/3b9z1
Remdesivir antivirales Medikament in Erprobung
Фотографија: AFP/U. Perrey

Со името Гилеад некои поврзуваат библиски град, други го знаат од дистопискиот роман на Маргарет Атвуд “Приказната на робинката” во кој САД се прекрстуваат во воената диктатура Гилеад. Веќе неколку недели Гилеад се поврзува и со компанија во која многумина полагаат надежи во борбата со новиот корона вирус. 

Калифорниската компанија лекот ремдесивир го тестира кај пациенти кои се заболени од Ковид-19 на пример на универзитетот Вирџинија Комонвелт во Ричмонд. Шефот на клиничката студија, Арун Санјал, за новинската агенција АП вели дека владее толку страв од болеста што пациентите се многу заинтересирани да го тестираат лекот. „Станува за антивирусен лек кој беше развиен за да го сопре размножувањето на вирусот. Кога тој не се размножува може да почне нормалниот процес на заздравување на телото.", вели Санјал.

BdTD beginnende Studie mit Remdesivir in Hamburg
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Perrey

Ремдесивир се тестира не само во САД, туку и на пациенти на клиники во Германија, односно во Минхен, Диселдорф и Хамбург. Според компанијата експерименти со мајмуни покажале првичен успех во третманот – веќе по 12 часа мајмуните покажале знаци на добро опоравување. Ремдесивир не е нов лек - тој е развиен во рамки на борбата против ебола, но таму не се покажал како ефективен. Сега можеби ќе биде пресуден чекор во борбата против Ковид – 19. Во едно отворено писмо, шефот на фармацевтскиот концернт, Даниел О’Деј пишува дека е голем оптимист од она што го покажуваат досегашните резултати.

Повеќе:

-Лекови за Ковид-19 ќе бидат лиценцирани веќе годинава

-Хлорокин: Можниот лек против Ковид-19 смртоносен во поголеми дози?

-Дали коронавирусот ќе ги пишмани анти-ваксерите?

Резултатите кои ги опфаќаат првите 53 пациенти покажуваат дека поголемиот дел од нив имаат подобрена клиничка слика по земање на ремдесивир. (...) Овие првични податоци од 53 пациенти не се дел од клиничка студија и покриваат само еден мал дел од критичните болни пациенти кои се третирани со ремдесивир. (...) Претпоставуваме дека до крајот од април ќе имаме податоци од студијата за ремдесивир спроведена на тешко заболени пациенти, и дека ќе работиме брзо да ги анализираме и споделиме резултатите.

Гилед и магичен лек? Вредноста на акциите веќе се зголеми по позитивните вести. Но, препорачана е претпазливост затоа што има критики за фармацевтскиот концерн. Како што известуваат  германските телевизии НДР, ВДР заедно со весникот „Зидојче цајтунг“, има судски досиеја кои покажуваат дека поранешен менаџер на Гилеад ја обвинува компанијата дека ставала нечисти супстанци во тестови за лекови за ХИВ вакцина за деца. Често во медикаментот имало кафеави или црни дамки – но и покрај тоа морало да продолжи да се користи. Според информациите на НДР, ВДР и „Зидојче цајтунг“, Гилеад активната состојка ја набавила од кинеска фирма која во тоа време немала одобрение за американскиот пазар. Процесот сѐ уште трае во Калифорнија.