Решенијата од Јалта
18 април 2005Бидејќи големата тројка таму ги постави свртниците на повоена Европа, оваа средба важи за една од најважните конференции. Сепак се испостави дека покрај целта уништување на наци режимот не постоеа уште многу заедницки точки.
„Не сакаме германскиот народ да прегладне, или да падне на товар на остантиот свет. Спрема Германија имаме едноставна намера - имено да го осигураме мирот во идниот свет.“
Америкаснкиот претсетдал Фрнаклин Делано Рузвелт по враќањето од Јалта пред американскиот конгрес изнесе исцрпни информации, за она за што се договорил со Сталин и Черчил.
За потесетување: Февруари 1945 година, мирот сеуште не е воспоставен, наци – режимот и натамму пружаше фанатичен отпор. Отаму не чуди каково е германското ехо на конференцијата во Јалта. Министерот за пропаганда Јосеф Гебелс преку радиото на наци режимот поднесе објаснување
„Нашиот народ во никој случај нема да биде безодбрамбен објект, за тоа ние Гермаците политички сме презрели и во оваа војна премногу страдавме. Сега се работи за тоа да се бориме за смислата на овој жртвен од. Тој не смее и нема да биде за ништо. Затоа сега мораат да бидат искористени последните резерви и енергии.“
Воља да се издржи или губење на реалноста - деновите на режимот се одбројани. Сојузниците во Јалта рабоеа на деталите за безусловна капитулација. Рузвелт:
„Таа претставува привремена конторла на Германија од страна на Велика Британија, Русија, Франција и САД. Секоја од овие нации ќе окупира и конторлира посебна зона во Германија, а управата на четирите зони ќе биде координирана од Берлин преку конторлен совет составен од претставници на четирите нации.“
Черчил успеа Франција да биде четвртата окупаторска власт во кругот на Сојузниците, за на Сталин да може да му се понуду подобар влог. Черчил не си правеше илузии за советскиот диктатор, додека Рузвелт тежнееше да се потцени Сталин. Американскиот претседател е задоволен со тоа што Сталин дозволи да биде поврзан со идната светска мировна организација. За спогодбата склучена на Јалта известува БиБиСи:
„Ќе биде формирана меѓународна организација за одржување на мирот и безбедноста колку што е можно побрзо. За два месеци ќе се одржи конференција на Обединдетите Нации во Сан Франциско.“
Сталин во Јалта постигна етапна победа. Тој сакаше гранциите на Полска да се поместат за околу 100 километри на запад. Позадина: Сталин ги анектираше источно полските области. Со тоа полско советската граница соодветствуваше на така наречената Курзон линија. Како обештетување источно германските области требаше да бидат одделени и да и се доделат на полската држава. Каде детално треба да минува полската западна граница, ова прашање во Јалта беше одложено. Рузвелт појаснува:
„Одлуката за прашањето на границата беше компромис. Според овој компромис, Полска која загуби области преку Курзон линијата, ќе добие територијална компензација на север и запад. Текот на западната граница ќе биде конечно утврден на мировната конференција.“
Сепак во Јалта останува неодговорено едно прашање, она за обештетување од страна на Германија. Сталин, Рузвелт и Черчил во основа се согласија:
„Тоа значи дека Германија ќе мора да пружи материјално обештетување за штетите кои им ги нанесе на недолжните жртви преку нападот.“
Од 20 милијарди долари, кои Гермнаија мораше да ги плати, Сталин бараше половина за себе. Тоа, пред се за Черчил беше премногу. Тој стравуваше дека Сталин е на пат да ги присвои средна и источна Европа под советска капа. Скепсата на Черчил не проби кај Рузвелт. Тој се надеваше дека индите меѓународни кризи ќе мора да се решат со Сталин преку дијалог:
„Коминикето завршува со јасно обврзувње, единството на трите сили треба да се одржува и засилува и во мир. Потоа следуваат потписите: Винстон Черчил, Франклин Рузвелт и Јозеф Сталин.“