САД и официјално излегуваат од СЗО
8 јули 2020Соединетите Американски Држави и официјално ја напуштаат Светската здравствена организација (СЗО) која ја обвинуваат дека лошо управувала со пандемијата со коронавирусот и оти делувала како марионета на Кина, која беше почетна точка на избувнувањето на заразата.
Обединетите нации објавија дека мерката стапува на сила во 6 јули 2021 година.
Веста за повлекувањето на САД од СЗО прв ја пренесе сенаторот Роберт Мендез, кој на Твитер напиша оти Конгресот добил текст во кој Трамп официјално ја повлекува земјата од оваа организација.
„Конгресот доби текст во кој претседателот официјално ги повлекува САД од СЗО среде пандемија“, напиша на Твитер Мендез, кој е член на демократите во Одборот за надворешни работи во Сенатот.
Повеќе:
-Истрага против СЗО за справувањето со коронавирусот
-СЗО: Некадарна или неопходна институција во борбата против Ковид-19?
-САД ги стопираат уплатите за СЗО
Веднаш потоа веста ја потврдија американските власти наведувајќи дека текстот за повелекувањето ќе стапи на сила за една година, односно на 6 јули 2021 година.
Трамп на 29 мај рече оти САД ги прекинуваат врските со СЗО, а претходно упати писмо до организацијата во кое се закани дека САД трајно ќе го запрат нејзино финансирање поради „многу лошото управување со пандемијата и поради прикривање на докази за ширење на коронавирусот“.
САД се најголеми финансиери на СЗО со околу 450 милиони долари годишно.
СЗО објави дека ги примила извештаите дека САД формално го информирале генералниот секретар на ОН за повлекување од СЗО, но оттаму наведуват дека немаат повеќе информации.
„Примивме извештај дека САД поднеле формално обавестување до генералниот секретар на ОН дека се повлекуваат од СЗО на 6 јули 2021 година. Немаме повеќе информации во овој момент“, порача вчера портпаролот на СЗО во соопштението, пренесе агенцијата Ројтерс.ОН вчера соопштија дека добиле формално обавестување за одлуката на Доналд Трамп пред повеќе од еден месец.