1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Кризата околу Украина и пред Советот за безбедност на ОН

СН/агенции
28 јануари 2022

За првпат Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се занимава и со актуелниот конфликт меѓу Украина и Русија. Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш го увери Киев во неговата поддршка.

https://p.dw.com/p/46DCe
Во понеделник (31.01.2022) треба да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН за Украина
Во понеделник (31.01.2022) треба да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН за УкраинаФотографија: Loey Felipe/UN Photo/Xinhua/picture alliance

САД соопштија дека побарале во понеделник да се одржи јавна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за кризата околу Украинапоради заканата која Русија ја врши врз меѓународниот мир и безбедност.

„Над 100.000 руски војници се распоредени на украинската граница и Русија применува други акти за дестабилизација кон Украина што претставува јавна закана за меѓународниот мир и безбедност и повелбата на ОН“, рече во соопштението американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

САД и сојузниците стравуваат дека Русија планира инвазија на Украина, што Русија го демантира, наведувајќи дека нема воени намери. Русија, меѓутоа, бара безбедносни гаранции од САД и од НАТО Украина да не стане членка на Алијансата.

Бајден телефонираше со Зеленски

Американскиот претседател, Џо Бајден, предупреди дека постои „изразена можност“ оти Русија би можела да ја нападне Украина наредниот месец, соопшти Белата куќа.

US-Präsident Biden
Претседателот на САД, Џо Бајден имаше подолг телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир ЗеленскиФотографија: Susan Walsh/AP/dpa/picture alliance

Американскиот претседател тоа го коментирал во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот.

„Претседателот Бајден рече дека постои јасна можност оти Русите би можеле да ја нападнат Украина во февруари. Тој тоа јавно го кажа и ние на тоа предупредуваме со месеци“, изјави гласноговорничката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн.

За време на разговорот, претседателот Бајден „повторно ја потврди подготвеноста на САД заедно со своите сојузници и партнери одлучно да одговорат ако Русија ја нападне Украина“, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Русија во меѓувреме тврди дека постои мал оптимизам во решавање на кризата откако САД ги отфрлија главните барања на Русија. Натрупувањето десетици илјади руски војници на украинските граници во последните недели предизвикува страв од инвазија, но Русија негира дека планира напад.