1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

САД со најголем број инфицирани од коронавирусот

СН/агенции
27 март 2020

САД станаа земја со најмногу луѓе кај кои е потврдена заразата со новиот коронавирус. Особено погодена е метрополата Њујорк со преку 20 илјади заболени од Ковид-19.

https://p.dw.com/p/3a6ua
USA New York | Coronakrise: Leere Strassen
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/J. Mineeva

Според актуелните податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, во САД се инфицирани  околу 86 илјади луѓе, а починале најмалку 1300. 

САД во текот на изминатата ноќ ја надминаа Кина, која бележи близу 82 илјади случаи на Ковид-19, како и Италија каде се регистрирани околу 80.500 заразени. Оваа европска земја има најмногу смртни случаи од болеста, која ја предизвикува новиот коронавирус - 8215.

Повеќе:

-Њујорк во трескавична потрага по медицинска опрема

-Коронавирус: Два билиони долари за економијата на САД

-Коронавирус во САД: Кога човек не смее да се разболи

Што се однесува до брзиот скок на регистрирани случаи во САД, експертите упатуваат на фактот дека во последниве денови е значително интензивирано тестирањето на луѓето. Во моментов болеста е особено распространета во метрополата Њујорк. Болниците во градот се преполнети од тешки случаи, а бројката на инфицирани надмина 20 илјади.

USA New York Coronavirus Bellevue Hospital provisorisches Leichenschauhaus
Фотографија: Getty Images/E. Munoz

Наредното кризно жариште, според експертите, треба да биде Њу Орлеанс, каде се смета дека карневалските прослави го забрзале ширењето на вирусот. И во двата града наскоро би можело да дојде до опасен недостаток на респиратори. 

Универзитетот Вашингтон, пак, во меѓувреме објави студија во која се вели дека во наредните четири месеци од Ковид-19 во САД би можеле да починат 81.000  луѓе. 

Во светот инаку, според актуелните податоци, досега заразата со коронавирусот е потврдена кај преку 530 илјади луѓе, а бројот на починати изнесува над 24 илјади.