1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириската влада и опозиција доаѓаат на конференцијата во Женева

ЕМФ/ард28 ноември 2013

На планираната мировна конференција за Сирија најверојатно ќе присуствуваат и претставници на владата и на опозицијата. Двете страни го потврдија учеството.

https://p.dw.com/p/1APpe
Фотографија: Reuters

Сирискиот претседател Башар ал-Асад ќе испрати делегација, соопшти Министерството за надворешни работи во Дамаск. И шефот на Сириската национална коалиција, Ахмад ал-Џарба изјави дека има подготвеност да се допатува во Женева и да се учествува на конференцијата закажана за 22 јануари. Армијата на сириските бунтовници (ФСА), пак, најави бојкот на конференцијата. Нејзиниот командант, генерал Салим, најави дека неговите трупи нема да запрат со борби ниту за време на конференцијата ниту потоа.

Што се однесува до целите на конференцијата, постојат различни мислења. Џарба го повтори ставот на опозицијата дека конференцијата треба да доведе до преодна влада. Опозицијата и дел од меѓународните партнери, како Франција, Велика Британија и САД, инсистираат на тоа Асад да не смее да биде дел од ваквата влада. Наспроти тоа, Министерството за надворешни работи во Дамаск стави јасно до знаење дека делегацијата нема да отпатува за Женева за „власта да му биде предадена кому било“.

Chemiewaffen Inspektoren in Syrien
Фотографија: Getty Images/AFP

Централен елемент на конференцијата, според меѓународната заендица, е првпат да ги седне на иста преговарачка маса претставниците на режимот на Асад и на опозицијата. Со тоа, како што се оценува, би бил отворен патот за преодна влада и крај на граѓанската војна, во која досега животите ги загубија над 100.000 луѓе.