Скандал на германскиот избор за Евровизија
6 март 2015За пејачот со нежен соул глас вечерта се одвиваше прилично добро. Андреас Кумерт успеа да се пласира во финалето и покрај треската и грипот, а неговиот настап предизвика стоечки овации, за подоцна да биде прогласен и за победник преку телефонско гласање од страна на телевизиската публика. Кога Кумерт со зборовите: „ Јас сум само еден мал пејач” објасни дека не сака да ја прими победата занеме дури и инаку зборлестата модераторка Барбара Шонебергер. Публиката реагираше на неговата одлука со свирежи додека Шонебергер се обиде да го предомисли Кумерт. Меѓутоа тој остана цврсто на својот став и својата титула и ја предаде на пејачката Ан Софи, која се натпреваруваше со него во финалето.
Инаку вечерта беше зачинета со најразличен избор на нумери наменети за сечиј вкус: од наивен фолк-поп па сé до минималистички електро-поп звуци.
Шоуто мора да продолжи
Подоцна уште еднаш се осети затегнатоста на ситуацијата: и двајцата финалисти со придружба и со модераторката стапија на сцената кога со гласн извици беше објавен победникот Андреас Кумерт. Во историјата на овој светски натпревар не е познат сличен шокантен пример на откажување од неговото учество во финалето на евровизискиот сонг контекст, кој треба годинава да се одржи во Виена.
По една секунда молк, шоуто продолжи понатаму благодарение на снаодливата Барбара Шонебергер: без никаква консултација со телевизиското раководство таа ја прогласи очигледно несигурната Ане Софи за победничка на вечерта и ја најави уште еднаш нејзината победничка песна.
И повторно „вајлдкард“
И покрај тоа што вечерта се одвиваше спротивно од планот паралела сепак постои со минатата година: во 2014-та со „вајлдкард“ се здоби Трио Елајза а со тоа обезбеди и учество на Евросонг. Во финалето беа сепак меѓу последните.
Големото финале на Песната за Евровизија годинава ќе се одржи во Виена на 23 мај. Ќе се емитува во целиот свет и ќе го следат околу 120 милиони телевизиски гледачи. Вкупно 40 земји ќе настапуваат под мотото „Да градиме мостови“. Како своевиден европски поздрав до останатиот дел од светот за прв пат на натпреварот ќе учествува и Австралија.