Словенија како мост кон Западен Балкан
28 март 2004учествуваат познати имиња од политичкиот и научниот живот од светот и регионот.
Конференцијата беше планирана за многу пред последните случувања на Косово, но, како што неодамна рече министерот за надворешни работи на Словенија, Димитриј Рупел, ”ерупцијата на насилство на Косово остро предупреди дека Западен Балкан е сеуште далеку од стабилност, а меѓународната заедница тука не оддалеку не ја завршила својата задача.”Според оценката на шефот на словенската дипломатија, ”региоанлната стабилност и безбедност веќе не се загрозени од конфликт меѓу двжавите, туку од нерешеното прашање на Косово, економската стагнација, слабите структури на раководење и недостигот на јасна перспектива.”
Рупел е на мислење дека треба да се најде решение за пет прашања: природата на меѓународното присуство во регионот, статусот на Косово, квалитетот на демократијата, нивото на економски напредок и европската перспектива. Одржувањето на конференцијата токму на денот кога словенечкиот премиер, Антон Роп, ќе го потпише свечено документот за влез на Словенија во НАТО, не е случајно. Со тоа и практично и симболично се дава до знаење дека евроатлантските сојузници во ЕУ и НАТО очекуваат од Љубљана нејзина основна надворешно-политичка задача да стане занимавање со регионот. Словенија, во одговорот на тоа барање, јавно нагласува дека стабилизацијата на Западниот Балкан е приоритет на нејзината надворешна политика.