Солидарност со жртвите на масакрот во „Шарли Ебдо“
8 јануари 2015Реклама
Новинарите и персоналот во седиштето на Дојче веле во Бон, денеска им изразија почит на 12. жртви на нападот врз францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“. Десетици луѓе се собраа пред седиштето на медиумот, држејќи плакати "Je suis Charlie" во знак на поддршка за францускиот магазин и слободата на печатот.
Француската полиција се‘ уште трага по двајцата извршители на нападот во Париз во кој беа убиени 12 лица, меѓу нив 8 новинари, двајца полицајци, еден работник и посетител на весникот.
Главни осомничени се двајцата браќа, Шериф и Саид Куачи. Повеќе лица за кои полицијата се сомнева дека имале врска со нападот се уапсени.
Милиони луѓе ширум Франција денеска со едноминутен молк им оддадоа почит на жртвите од нападот.