1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со Лашет, ЦДУ останува на „курсот на Меркел“

Катарина Крол
16 јануари 2021

Предвидливост наместо ризик. Во година на парламентарни избори, Армин Лашет е најдобриот избор за претседател на најважната владејачка партија во Германија, смета Катарина Крол

https://p.dw.com/p/3o18m
BG I Wie mit Fotos Politik gemacht wird I Virus Outbreak Germany Merkel
Фотографија: picture-alliance/AP/M. Meissner

Среде пандемијата на коронавирусот, Армин Лашет ѝ вети на својата партија дека ќе го продолжи курсот и политичкиот стил на Ангела Меркел. Лашет сака да биде капитен на тимот, да ги одржува својата партија и земјата заедно. Без ризик, туку со доверба и сигурност.

Со неговата победа, тој ја обезбеди опцијата за кандидатура за канцеларската функцијаСепак, сè уште не е решено дали тој ќе биде и кандидат за канцелар. Како нов лидер на партијата, тој  како прв има право на истакнување на кандидатурата за канцелар. Армин Лашет јасно изјави дека може да се замисли на функцијата канцелар на Германија.

Двајца конкуренти демнат

Но: Во заднина, двајца силни конкуренти демнат за својата шанса. Двајцата во моментов имаат високи вредности во анкетите. Маркус Зедер, премиер на Баварија и претседател на сестринската партија на ЦДУ- ЦСУ. И Јенс Шпан, тимскиот партнер на Лашет во кандидатурата за партиското претседателство. Како министер за здравство, тој секако е постојано присутен во медиумите за време на пандемијата, па затоа, на моменти,  дури и ја престигнуваше канцеларката Меркел  во анкетите за популарност.

Повеќе:

-Машката трка за наследник на Меркел

-Избор на шеф на ЦДУ – кој ќе влезе во „чевлите на Меркел“?

Волјата за владеење- ЦДУ секогаш се обединувала зад оваа цел. Партијата има јасен стремеж за власт.  А тоа зависи од најперспективниот кандидат. И покрај сета негова лична волја за власт - може да му се верува на  Армин Лашет, дека ќе внимава кој има најголеми шанси за успех како канцеларски кандидат на Унијата на есенските парламентарни избори. Тоа го разликува од неговиот поразен конкурент Фридрих Мерц. И тоа е една од причините зошто ги освои гласовите на делегатите.

DW Katharina Kroll
Катерина Крол, авторка на коментаротФотографија: K. Kroll

Најважната задача на Лашет е сега интелигентно да ја позиционира ЦДУ во однос на содржината и стратегијата и да ја одржи заедно. Партијата се соочи со вистински избор на насоката во која ќе се движи во иднина. Таа се спротивстави на содржинско поместување кон десно и на тој начин против Фридрих Мерц. Тој сакаше да ѝ даде на својата партија многу поконзервативен, економски либерален профил. Од друга страна, Армин Лашет нема да ја прекине успешната стратегија на Меркел да биде подобна за избор на сите оние кои имаат тенденција да останат во центарот. Темелен нов почеток или пресвртница од Лашет не треба да се очекува. Тој во најдобар случај ќе го смени курсот умерено, нагласувајќи ги социјалното и заедницата.

Битката за канцеларската кандидатура е отворена

Лашет го стави тимскиот дух на прво место во неговата кандидатура. Тој не само што се кандидираше за избор заедно со министерот за здравство Шпан - туку и неговото однесување е интегративно,а не исклучително. Тој зрачи со топлина и рајнска пријатност. Студената политика на моќ не му лежи. Како премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, тој внесе силен тим во кабинетот, неговите министри освојуваат поени бодови со стручното владеење и со тоа придонесуваат за популарноста на Лашет.

ЦДУ е неприкосновено најсилна партија во Германија во актулните анкети. Ова се должи на популарноста на Ангела Меркел. Мнозинството Германци, од друга страна, во моментов, не сакаат Армин Лашет да биде идниот канцеларт. Во пандемијата на коронавирусот, политиката е понепредвидлива од кога било. Сè се сведува на вистинските одговори на кризата и најдоброто управување. Следниот круг во борбата за наследување на Ангела Меркел на канцеларската функција сега е отворена.