1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-Стратегија: Да се забрза приклучувањето на Западен Балкан

ЕМФ /агенции
5 февруари 2018

Веројатно е ЕУ-земјите во јуни со Македонија и Албанија да почнат разговори за приклучување, пишува весникот „Велт“ кој објави делови од Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, која ќе биде претставена утре.

https://p.dw.com/p/2s7wW
Symbolbild Westbalkan Flaggen (mit EU)
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Европската Комисија има намера да го забрза приклучувањето на балканските држави кон ЕУ. До 2025 година Србија и Црна Гора „би требало да се подготвени за членство“, се вели во Стратегијата на ЕК, пишува „Велт“. Според весникот, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово би требало да добијат перспектива за членство. „Велт“ потсетува дека перспективата за членство на балканските земји им е отворена уште во 2003 година, на самитот во Солун, но досега се приклучи само Хрватска. „Македонија е кандидат за членство од 2005 година, но преговори не се отворени до денес. Меѓутоа, веројатно е ЕУ-земјите во јуни со Македонија и Албанија да почнат разговори за приклучување“, пишува весникот.

Стратегијата под наслов „Веродостојна перспектива за проширување за државите од Западен Балкан“ утре во Стразбур би требало да биде претставена од страна на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Членството на државите од Западен Балкан во ЕУ е од политички, безбедносно-политички и економски интерес на Унијата“, оценува Комисијата во својата Стратегија. Претходно, меѓутоа, шесте земји мора да спроведат обемни реформи и да го забрзаат темпото на реформи. ЕУ притоа нуди своја поддршка, пишува „Велт“.

Повеќе:

Ги сака ли ЕУ подеднакво сите на Балканот?

Хан уверен дека Македонија и Грција можат да го решат спорот

ЕУ не увезува спорови, од Македонија се чекаат резултати

Обемни реформи бара и Давид Мекалистер, шеф на Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент. Тој денеска за весниците од Медиумската група Функе оценува дека датумот кој ЕК го наведува како можен термин за пристапување на Србија и Црна Гора, всушност претставува „индикативен“, незадолжителен термин кој треба да ја конкретизира пристапната перспектива и да му пружи на пристапниот процес нова динамика.

„Конкретниот термин на приклучување на една нова членка ќе зависи исклучиво од тоа кога земјата ќе ги исплони строгите правни, политички и економски предуслови“, вели Мекалистер.