1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Технички предизвици“ го прекинаа пописот

ДТЗ
9 септември 2021

За четири дена се попишани повеќе од 200 илјади граѓани. Надлежните уверуваат дека пописот успешно ќе заврши до крајот на месецот.

https://p.dw.com/p/407RM
Nord-Mazedonien Skopje | Volkszählung in Nord-Mazedonien - Obdachlose
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Пописот денеска (09.09.2021) е прекинат поради надминување на помали технички предизвици, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Надлежните уверуваат дека и покрај прекините на пописот, само неколку дена по неговото започнување, оваа обемнастатистичка операција сепак успешно ќе заврши до крајот на месецот. 

„Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување“, соопштија од ДЗС. Според нив, сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет. „Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја“, велат од Заводот за статистика. 

За четири дена попишани се повеќе од 200 илјади граѓани во Северна Македонија. Пописот започна на 5 септември, а веќе вчера попишувачите беа повлечени од терен.