1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Трамп може да си замисли вооружени наставници

СН/ агенции
22 февруари 2018

Претседателот на САД нема намера особено да ги заостри лабавите закони за оружје. Но тој смета дека вооружени наставници во училиштата е нешто замисливо. Тоа го изјави на средбата со преживеаните во масакрот од Паркланд.

https://p.dw.com/p/2t8Wq
USA Washington - Trump trifft auf Überlebende des Amoklaufs der Douglas High School in Florida
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Една недела по масакрот во средното училиште во Флорида, американскиот претседател Доналд Трамп ги пречека во Белата Куќа преживеаните во нападот, наставниците и родителите на жртвите. Тој притоа на речиси едночасовната средба ги осигура гостите дека во иднина ќе има заострени контроли на купувачите на оружје.

Трамп уште изјави дека вооружувањето на наставниците и професорите би можело да спречи пукотници во училиштата, како оние минатата недела во Флорида во кој беа убиени најмалку 17 лица.

Повеќе на темата:

-Трамп сака да ги забрани додатоците за рафална стрелба

-САД: Бунт на жртвите

-Крвава драма во училиште во Флорида

Просветен работник со оружје би можел да спречи напад многу бргу, истакна Трамп. Тој ваквиот предлог го изнесе откако демонстрантите и преживеаните од масакрот на 14 февруари му се обратија да стори нешто со цел ваквите злосторства да не се повторат. 

USA - Proteste für ein schärferes Waffengesetz
Фотографија: picture alliance/abaca/O. Douliery

Трамо исто така ги поддржа и повиците за построги контроли на податоците на купувачите на оружје. Преживеаните од минатонеделниот масакр во меѓувреме апелираа и до политичарите во сојузната држава Флорида да ја заострат контролата врз вооружувањето.

„Ќе бидеме многу ригорозни во контролата на податоците, многу решителни во проверката на менталното здравје на поединци“, им порача Трамп на учениците од средното училиште Марџори Стонмен Даглас.

По крвопролевањето во ова училиште, десетици илјади ученици во САД се залагаат за заострување на законите за оружје. Тие демонстрираат, одржуваат собири и се закануваат со штрајкови. И неколку часа пред средбата во Белата куќа. на Флорида и во Вашингтон демонстрации одржаа илјадници млади луѓе.

 

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид