1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп: човекот кој не плаќа данок?

Марко Лангер
28 септември 2020

Доналд Трамп е 45-от претседател на САД. И според истражувањата на „Њујорк Тајмс“ тој е човек кој финансиски си ја оштетува сопствената држава. Весникот екслузивно ги објави „Даноците на претседателот“.

https://p.dw.com/p/3j5Lx
USA Nominierungsparteitag der Republikaner | Donald Trump
Фотографија: Reuters/C. Barria

Секој кој малку подолго ја набљудува политичката ситуација во земјата откако Доналд Трамп стапи на функција, може да се сети на една сцена од редакцијата на весникот  „Њујорк тајмс“: главниот уредник Дин Бакет заедно со најблиските соработници ја следи на телевизија инаугурацијата на новиот човек во Белата куќа. „Мислам дека ова ќе биде голем тест," вели Бакет. Потоа им вели на колегите да се фатат за работа. Сцената ја сними наградуваната режисерка на документарци, Лиз Гарбус за серијалот „Четвртата власт" на телевизијата Шоутајм.

Данок на приход: 750 долари

Сторијата која сега ја објави „Њујорк тајмс" може да се смета за кулминација на новинарската борба на весникот против Доналд Трамп. „Даноците на претседателот“ ("The President's Taxes").  се ексклузивно истражување на редакцијата, кое би требало да се спроведе низ целиот свет.

Тоа покажува слика на претседател кој со години речиси и да не плаќа данок на приход и кој може да се смета за некој којшто не си ја почитува сопствената држава. По објавувањето на написот, Трамп во негов стил веднаш реагираше на прес конференција во Белата куќа: „Ова се лажни вести. Целосно лажни вести." Лажната пријава е измислена. Општо е познато дека „Њујорк тајмс" лошо пишува за него. Во едно видео кое преку твитер го објави Белата куќа одговорот на претседателот може да се слушне и види дури после 25-та минута.

Повеќе:

-Трамп е бесен, но Конгресот не доби пристап до неговите даночни изводи

-Белата куќа ја потврди автентичноста на даночната пријава на Трамп

Според извештајот на весникот, Трамп во изборната 2016 година платил само 750 долари данок на приход на државно ниво. Со зборови: седумстотини и педесет. И во 2017 година, првата година во Белата куќа исто така има платено само 750 долари данок на приход, пишува „Њујорк Тајмс" во написот со наслов „Даноците на претседателот". Весникот вели дека ги анализирале даночните пријави на Трамп за период од 20 години.
Според нив Трамп во десет од последните 15 години не платил никаков данок бидејќи имал повеќе загуба од добивка. Даночните пријави на републиканецот беа тема и во изборната кампања во 2016 година: поранешниот магнат за недвижности беше првиот американски претседател од времето на Ричард Никсон (1969 – 1974) наваму кој одби да ги објави своите даночни пријави. Трамп не ги објавува своите финансии, што постојано е причина за шпекулации дека можеби нешто сака да прикрие.

USA | New York Times Chefredakteur Dean Baquet
Главниот уредник на весникот „Њујорк тајмс“, Дин Бакет Фотографија: Ted Anthony/AP Photo/picture-alliance

По мошне контраверзната номинација на ултраконзервативната судијка Еми Кони Берет за Врховниот суд од страна на Трамп, американската изборна кампања сека има уште една жешка тема. Според демократите и многу набљудувачи Трамп со ова ги поставува темелите за уште едно поместување кон десно. 

Бајден и Трамп ќе дебатираат за финансиски прашања 

„Њујорк Тајмс" речиси и да не пропушта прилика, од инаугурација на Трамп на 20 јануари 2017 година да напише нешто критички за претседателот. Тоа им е задача како „четврта власт". Весникот преку светски влијателните колумни, но и преку вестите и политичките написи, постојано се занимава со неуспесите и непримерното однесување на првиот човек на државата.

Покрај телевизијата Си-Ен-Ен и „Вашингтон Пост", „„Њујорк Тајмс" најголемиот предмет на омраза на Трамп. Тој исто така ја претставува политичката и културната елита, која „казни“ многу гласачи на Трамп на последните избори во провинцијата. Како ќе биде на претстојните избори на 3 ноември?
Неделава за првпат во телевизиски дуел Трамп ќе се соочи со неговиот противкандидат од демократите Џо Бајден, кого поради поодминатата возраст постојано го етикетира како „заспаниот Џо". Една од темите со сигурност ќе бидат финансиските прашања. Главниот уредник на „Њујорк Тајмс" Бакет во еден коментар посветен на екслузивните истражувања на неговата редакција напиша: „Ги објавивме овие податоци затоа што веруваме дека граѓаните и граѓанките треба да знаат што е можно повеќе за своите лидери и оние кои ги претставуваат."