Жртви во пожарите во Турција
29 јули 2021Голем дел од вкупно 41 шумски пожар се во меѓувреме изгаснати, соопштија турските власти. Во пожарите на турското средоземноморско крајбрежје и во други региони животот го загубија повеќе луѓе.
Најмалку три лица загинаа во пожарот во Анталија, каде има и 122-ца повредени. Од нив 58 луѓе се на лекување, јави турската државна аганеција Анадолу, повикувајќи се на информации од Службата за заштита при катастрофи Афад.
Пожари имаше и во регионите Мерсин и Аланија. Во текот на изминатата ноќ во 13 турски провинции избија 41 шумски пожари. Бекир Пакдемирли, министер за земјоделство и шумарство, на Твитер соопшти дека за гаснење на пожарите биле ангажирани 29 хеликоптери и повеќе од 1800 пожарникари и други спасувачи. Гаснењето на пожарите сѐ уште трае.
Повеќе:
Фотографија на денот: Пожарите кај Атина зафатија и куќи
Во меѓувреме се евакуирани жителите на 18 села во општина Анталија, како и 16 села во Адана и Мерсин, соопшти Пакдемирли. Засега нема информации за евакуација на гости во хотели во регионот, кој инаку е омилена туристичка дестинација.