1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По паузата поради пучот, се разгорува курдскиот конфликт

СН/ртр/дпа/дв11 август 2016

Поради обидот за пуч во Турција, конфликтот со курдската ПКК падна во втор план. Сега таа , според наводите на турските власти изведе два тешки напади на југоистокот на земјата. Жртвите се главно цивили.

https://p.dw.com/p/1Jfjb
Фотографија: Getty Images/AFP/I. Akengin

Во двата бомбашки напади на југоистокот на Турција според наводите на властите загинаа најмалку девет лица. Извори од владини кругови во Анкара изјавија дека за атентатите е одговорна забранетата Курдска работничка партија, ПКК. Досега меѓутоа никој јавно не ја презема одговорноста за злосторствата.

Целта: полициски возила

Нападите, очигледно координирани, во градовите Дијарбакир и Мардин со доминантно курдско население биле насочени против безбедносните сили, јави телевизијата ЦНН Турк. Во Дијарбакир со автомобил-бомба беше нападнат автобус на полицијата. Пет цивили загинале во експлозијатаа уште 12 лица биле повредени, меѓу нив и пет полицајци.

Türkei Szene einer Bombenexplosion
Фотографија: ReutersReuters/TV

Во Мардин пак била активирана експлозивна направа во близина на една болница, додека во близина поминувало полициско возило, јави истата телевизија. Во овој напад загинале четири лица а околу 40 се повредени, десет од нив полицајци.

Ескалација од летото 2015 година

Во јули 2015 година,по две и пол години, примирјето меѓу ПКК и турската влада беше прекршено. Оттогаш наваму турската армија спроведува голема офанзива против ПКК која се бори за автономија за Курдите на југоистокот на земјата и постојано води борби со нејзините борци. Курдската работничка партија од своја страна извршува терористички напади.

По неуспешниот обид за државен удар во Турција од страна на делови од воените сили во средината на јули годинава, уапсени беа и воените лица задолжени за офанзивата против ПКК. Бројот на напади изведени од курдските бунтовници од обидот за пуч наваму се намали. Експертите меѓутоа претпоставуваат дека ПКК само го искористила ова време да се реорганизира. Од почетокот на вооружениот конфликт во 1984 година убиени се најмалку 40 илјади луѓе. Покрај Турција и ЕУ, и САД ја сметаат ПКК за терористичка организација.