1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНИЦЕФ-Фотографија на годината

ЕМФ / дв
21 декември 2017

На фотографијата на годината е прикажана петгодишната Захра. Нејзините родители заедно со осумте деца побегнале од Сирија во бегалски камп во Јордан. Таму погледот на девојчето го улови фоторепортерот Мухамед Мухеисен.

https://p.dw.com/p/2plt8
UNICEF Foto des Jahres 2017 - 1. Preis
Фотографија: picture alliance/dpa/M. Muheisen

„Очите на децата ја кажуваат вистината“, рече покровителката на УНИЦЕФ Германија, Елке Биденбендер, на доделувањето на наградата во Берлин. На лицето на девојчето може да се прочита тивкото страдање на милиони деца во кризните земји во светот. Освен тоа, нејзиниот лик е олицетворение на украденото детство на цела генерација сириски деца. Моментот со својот фотоапарат го има уловено двократниот добитник на Пулицеровата награда, Мухамед Мухеисен, кој известува од Блискиот Исток, Авганистан и Пакистан повеќе години. Фоторепортерот роден во Ерусалим ја сретна Захра во импровизиран бегалски камп во предградие на Мафрак, во Јордан. Родителите на Захра, со нејзините седум браќа и сестри, во 2015 година избегале од војната во Сирија.

Втората награда отиде во рацете на К.М. Асад, фотограф роден во Бангладеш, а третата награда ја освои Канаѓанецот Кевин Фрејер. Двете фотографии ја документираат судбината на етничкото малцинство Рохинга. На фотографијата на Асад е прикажана мајка која го носи своето бебе низ морето.

UNICEF Foto des Jahres 2017 - 2. Preis
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. M. Asad

Фотографијата на Фрејер го има фатено моментот на очај на момче во бегалскиот камп во Кокс Базар, во Бангладеш, кое се обидува да се качи на камион со хуманитарна помош.

UNICEF Foto des Jahres 2017 - 3. Preis
Фотографија: picture-alliance/dpa/Getty Images AsiaPac/K.Frayer

Наградата „УНИЦЕФ-Фотографија на годината“ се доделува од 2000. година. Ја добиваат фотографии и фоторепортажи кои на извонреден начин ги документирале личноста и животните услови на деца ширум светот.