УНХЦР ја критикува Италија за случајот Кап Анамур
23 јули 2004Реклама
Високиот комесаријат за бегалци смета дека Италија за време на целиот процес требала да ги игнорира советите на сопствената комисија за бегалци, африканците кои минатата недела со бродот на германската хуманитарна организација пристигнаа на Сицилија, да бидат вратени.
УНХЦР изразува загриженост заради очигледното игнорирање на општоприфатените меѓународни и Европски стандарди за време на процесот.
Според оваа организација 25 од 37 азиланти биле вратени во Гана, откако претходно петмина беа испратени во Нигерија. Министерството за Внатрешни работи на Италија изјави дека уште 6 мина од бегалците, Нигерици ќе бидат испратени со првиот авионски лет.