На добар бизнис со враќање кон традицијата и со љубезна услуга се надеваат сопствениците на таканаречените „Бру барс“ во Келн. Во овие локали човек може да пие филтер-кафе подготвено на начин како пред 100 години. Преку таквата подготовка посетителите чувствуваат дека ним лично им се посветува време, а откриваат и дека рачно филтрираното кафе има многу поизразита арома.