Алфа, Бета, Гама – СЗО ги „прекрсти“ варијантите на Ковид
1 јуни 2021Варијантите на коронавирус добиваат нови имиња. Светската здравствена организација вчера објави дека мутациите во иднина ќе бидат именувани со букви од грчката азбука и тоа редоследно по нивното откривање: варијантата која беше прва откриена во Велика Британија ќе носи име „Алфа“, од Јужна Африка ќе се нарекува „Бета“, откриената во Бразил – „Гама“, а онаа од Индија – „Делта“.
„Ниедна земја не треба да биде стигматизирана поради откривањето и пријавувањето на варијанти на Ковид-19“, објасни епидемиологот од СЗМ, Мариа Ван Керкхове. Нема веќе да се употребуваат ниту комбинациите од броеви и букви, како на пример Б.1.351.
„Овие научни ознаки имаат свои предности, но тие се тешки за изговарање и не се погодни за натамошна општа употреба“, истакна експертката од СЗО.
На одлуката за користење на грчките букви претходеа повеќемесчни размислувања, објаснува бактериологот Марк Пален, кој бил вклучен во процесот. Експертите во предвид имале и имиња на грчки богови, како и псевдо-класични зборовни кованици. Но, сите овие идеи биле отфрлени, зашто многу од тие имиња веќе се користат од страна на претпријатија за нивни брендови.