1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вонредна состојба во Вухан

СН/агенции
23 јануари 2020

Властите во кинескиот Вухан го забранија целокупниот авионски и железнички сообраќај од градот, додека Кина се бори против ширењето на новиот вирус од кој досега починаа 17 а заболеа стотици лица.

https://p.dw.com/p/3Wfwn
Ausbrüche der Coronavirus-Pneumonie in China
Фотографија: Getty Images/X. Chu

Властите уште побараа од жителите на 9-милионската метропола да не го напуштаат градот без конкретни причини. Исто така привремено ќе биде запрена работата на градските и меѓународните автобуси, подземната железница и траектите. Новиот заразен Корона вирус во меѓувреме наречен „2019-НцоВ“ беше откриен во Вухан во минатата недела. Здравствените експерти во меѓувреме потврдија дека вирусот кој предизвикува воспаление на белите дробови може да се пренесе од човек на човек.

Повеќе:

-Што треба да се знае за Корона вирусот?

Светската здравствена организација (СЗО) вчера го одложи донесувањето на одлуката за тоа дали епидемијата на новиот корона вирус ќе ја прогласи за глобална здравствена закана и побара од својот комитет на екстерти да го продолжат состанокот денеска.