Изборите во Германија завршија, доста со реклами!
28 септември 2021Во црвено-жолто-зелената коалиција би влегле победничката партија на изборите СПД, како и Либералите и Зелените. Истражувањето на Инфратест Димап, еден ден по парламентарните избори во земјата, направено за АРД, покажува дека за семафор-коалиција се 55% од испитаниците. За втората коалиција која доаѓа предвид по изборите, т.н. Јамајка-коалиција, составена од партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), Либералите и Зелените, се залагаат 33% од испитаниците.
Што се однесува до кандидатите за канцелар, 62% од испитаниците сакаат канцелар да биде Олаф Шолц (СПД), додека 16% се за Армин Лашет (ЦДУ/ЦСУ).
И, додека партиите и нивните кандидати за канцелар се во рана фаза на сондирачки разговори за коалиција, од улиците почнуваат да исчезнуваат големите плакти со нивните лица и пораки. Изборите завршија пред цел еден ден, време е.