1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кога гондолите пренесуваат храна

СН/дв
20 април 2020

Глетката не е толку живописна колку што сме навикнати да биде, кога е во прашање Венеција. Но акцијата е сепак корисна. Хуманитарна организација ги користи венецијански гондоли за пренесување храна на стари и болни лица.

https://p.dw.com/p/3b9hj
BdTD Venedig Frauen fahren im Boot an Banksy-Kunstwerk vorbei
Фотографија: AFP

Во нормални услови на каналите на италијанскиот бисер, има роеви туристи. Поради пандемијата на коронавирусот, меѓутоа, гондолите во моментов се користат за други цели: две жени од хуманитарна организација им доставуваат храна на старите и болни лицакои не можат да го напуштат својот дом поради страв од инфекција.

Невидена Венеција

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена кога гондолата која жените ја управуваат со розови ракавици минува близу уметничко дело на светски прочуениот и се уште анонимен графити-уметник Бенкси, на кое исто така доминира розовата боја.

Италија е една од најтешко погодените земји од пандемијата на Ковид-19. Забраната за излегување и бројните други рестрикции во земјата, воведени во рамките на борбата против коронавирусот ќе траат до почетокот на мај.