Копнеж по разладување
10 мај 2022Реклама
Луѓето во индиската метропола Мумбаи и натаму се во потрага по итно неопходното разладување на градските плажи. Рекордните температури можеби малку се намалија, но во горештините на Мумбаи многу работи во секојдневниот живот станаа вистинско мачење. Истражувачите на климатските промени, меѓутоа, не се изненадени од екстремните температури кои во изминатите два месеци ги погодија Индија и Пакистан и во тоа гледаат само предзнак на блиската иднина со чести неподносливи горештини во Јужна Азија.