1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Македонски локдаун

СН/агенции
6 април 2021

Од денеска започнува постепено двонеделно затворање на земјата пред налетот на британскиот сој на коронавирусот. Јавноста спори околу прашањето дали засилените рестрикции требаше да бидат воведени порано.

https://p.dw.com/p/3rbtO
Nord-Mazedonien Skopje Coronavirus
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Британскиот сој на коронавирусот стави пред големи предизвици бројни земји во светот.  Искуството покажува дека поради поголемата заразност и смртност на овој сој, локдаунот односно засилените рестрикции се практично неизбежни. Пред таков предизвик сега стои и македонскиот здравствен систем, а засилените двонеделни рестрикции започнуваат да важат од денеска.

Така полицискиот час од денеска наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот. Од денеска се затвораат и фитнес центрите, спортските и салите за вежбање и се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците. Обложувалниците ќе можат да работат без да примаат гости во своите објекти и уплатите да ги вршат преку наплатен пункт.

Повеќе:

-Клуч за угостителските објекти, полицискиот час ќе почнува во 20 часот

-Почна имунизацијата со „Спутник“, надлежните повикуваат на масовно вакцинирање

-Три родилки починаа од Ковид-19 од почетокот на годинава

Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.
Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна, а исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на аеродромите во Скопје и во Охрид. 

Новите рестриктивни мерки, како што соопштија властите имаат за цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем, како и да се избегне потенцијално затворање за верските празници Велигден и Бајрам.