Неприкосновените фаворити од Украина
14 мај 2022За обложувалниците е јасно како ден: непосредно пред финалето на Изборот на песна на Евровизија, тие го гледаат Калуш Оркестра како победник со голема предност пред останатите кандидати. Вообичаено, во последната недела од Евросонг, прогнозите на обложувалниците за победничката песна често се менуваат, но годинава уште од март Украинците се неприкосновен фаворит број еден за победа во Торино.
Работите изгледаа поинаку пред почетокот на војната во Украина. Калуш Оркестра беше само еден од 40-те учесници на годинешниот Евросонг - и обложувалниците го сместуваа во горниот среден ред на фаворити за победа во финалето. Дали победата на Украина на Евровизија би била изјзраз за солидарност за народот кој е подложен на сурова војна - или бендот околу харизматичниот фронтмен Олех Псиук и песната „Стефанија“ се толку добри и ја заслужуваат титулата?