Култура
Фотографија на денот: Пожарот во Нотр Дам е под контрола
16 април 2019Реклама
Сепак, сѐ уште има некои локализирани жаришта. Пожарот во катедралата, која е дел од Светското културно наследство на Унеско, изби вчеравечер од засега непознати причини. Пожарот ја уништи средишната кула и покривот. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека најлошото е спречено и дека се спасени фасадата и двете главни кули на Богородичната црква. Министерството за внатрешни работи на Франција оцени дека сѐ уште постои опасност од уривање на црквата и дека експерти и архитекти денеска ќе разговараат околу стабилноста на објектот и ќе се донесе одлука дали пожарникарите смеат да ја продолжат својата работа во внатрешноста на катедралата.
На #ФотографијаНаДенот - Нотр Дам изутринава.