1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Празните супермаркети во Венецуела

СН/ агенции
4 февруари 2019

Претседателот Мадуро го отфрли ултиматумот од неколку европски земји да распише избори, и тие сега се очекува да го признаат Гуаидо за преоден претседател. Кризата се продлабочува а со тоа и страдањата на Венецуеланците.

https://p.dw.com/p/3CcA5
Venezuela, Caracas: Leere Regale in einem Supermarkt
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Vautierle Pictorium

Ситуацијата во Венецуела станува сѐ подраматична. Во многу супермаркети во Венецуела, имено полиците веќе подолго време се празни. Речиси и да нема никакви производи , како што може да се види на оваа #ФотографијаНаДенот направена во супермаркет во главниот град Каракас. А дури и кога има прехранбени или други производи за секојдневни потреби, повеќето Венецуеланци не можат да си ги дозволат, поради хиперинфлацијата во земјата. Еден килограм риба во моментов чини двојно повеќе од просечната месечна плата. Прехранбени производи на населението му распределува власта. Пакетите го содржат само основното:  има ориз, леќа и масло