Конфликти
Фотографија на денот: Прослава во Доњецк
22 февруари 2022Реклама
Со развеани руски знамиња, зад банер на кој пишува „Русија“, жители на Доњецк го прославија руското признавање на независноста на украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск. Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на информации од очевидци, јави дека вчеравечер низ улиците во периферните делови на Доњецк веќе имало колони руски воени возила, меѓу кои и повеќе тенкови.
Рускиот претседател Владимир Путин вчеравечер ја призна независноста на проруските самопрогласени „народни републики“ Доњецк и Луганск на истокот на Украина. Освен тоа, тој нареди и испраќање руски трупи во источна Украина. Од Москва се вели дека руската армија би требало да се грижи за одржување на „мирот“ во украинските сепаратистички региони.