Здравје
Скапоцената тоалетна хартија
23 март 2020Реклама
Многу луѓе не разбираат а и бројни психолози не можат да објаснат зошто токму тоалетната хартија е толку барана во ваква кризна ситуација. Можеби токму затоа луѓето оваа недоумица во кризно време ја решаваат со шеги. Така во берлинскиот парк на Ѕидот (Mauerpark) деновиве се појави графитот кој можете да го видите на оваа #ФотографијаНаДенот. На него е насликан Голум, ликот од легендарната филмска трилогија „Господар на прстените“ како ги изговара неговите прочуени зборови „Моја скапоценост“ (My Precious). Но тој наместо прстенот од филнот во раката држи една ролна тоалетна хартија.