1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хандке се откажа од наградата Хајне

9 јуни 2006

Писателот се најде на удар на критика поради тоа што се стави на страната на Србија во Балканските војни и искажа разбирање за поранешниот властодржец Слободан Милошевиќ.

https://p.dw.com/p/AeXs
Петер Хандке
Петер ХандкеФотографија: AP

Австрискиот писател Петер Хандке се откажа од наградата „Хајнрих Хајне“ на градот Диселдорф. Тој не сакал неговата личност и дело да бидат изложени на простотилаците од партиските политичари, пишува Хандке во писмо до градоначалникот на Диселдорф. Писателот се најде на удар на критика поради тоа што се стави на страната на Србија во Балканските војни и искажа разбирање за поранешниот властодржец Слободан Милошевиќ. Од тие причини Советот на градот го стави под прашање решението на жирито за доделување на наградата. „Хајнеовата награда“, која носи и 50 илјади евра, е меѓу највисоко дотираните германски награди за литература, а се доделува на личности кои со своето дело поттикнуваат социјален и политички напредок и служат за разбирање меѓу народите.