Чистиот воздух е основно човечко право
30 ноември 2016Холандскиот дизајнер Дан Рузегард и негиовиот тим, во Пекинг поставија седум метарска конструкција за прочистување на воздухот. „Smog Free“ кулата има капацитет да процесира 30.000 кубни метри воздух на час и притоа да отстрани до 75% од штетните материи во воздухот, меѓу нив и ПМ2,5 и ПМ10 честичките.
Со помош на кинеското министерство за заштита на животната средина, „Smog Free“ кулата, по престојот во Пекинг ќе патува во други три градови во земјата, која се соочува со сериозно загадување на воздухот. Минатата година, нивото на штетните ПМ2,5 честици во воздухот во Пекинг било 17 пати поголемо од максимално дозволените граници утврдени од страна на Светската здравствена организација. Истражувањата откриле дека аерозагадувањето во Кина е причина за 1.6 милиони смртни случаи годишно.
Дизајнерот Рузегард, преку кампања на платформата Кикстартер минатата година доби 113.153 евра донации од граѓани, средства кои беа наменети за изградба на првата „Smog Free“ кула. Неговиот изум за прв пат беше претставен во Ротердам од каде и го почна патувањето кон исток.