Чудесните бугарски икони
Од 22 март до 14 јуни во Музејот на икони во Реклингхаузен се одржува изложба под име „Чудо на светлината“. Се работи за голема изложба на бугарски икони од Варна.
„Св. Мина Катуански“, непознат иконописец, 19. век
Музејот во Реклингхаузен претставува 40 бугарски икони создадени меѓу 17. и 19. век. Се работи за дела со раскошни бои, а некои од нив и во голем формат. Иконите создадени во Бугарија, како што објаснуваат кустосите, ги карактеризираат типични претстави на Исус, Богородица и различни светци.
„Св. Кирил и Методиј“, 19. век
Оваа икона е насликана во 1864 година и го носи потписот на Анастас Керклисијски. „Бугарските зографи често ги сликале словенските апостоли Кирил и Методиј“, вели кустосот на изложбата д-р Ева Хаушајн-Барч. „Тие први ги користеле словенските јазици за црковни литургии и ја поставиле основата за словенската азбука-глаголица“.
„Создавањето на светот“, 19. век
Сцените од создавањето на светот се од школата на Захариј Цанов и Кнчо Иванов. Организаторите на изложбата наведуваат дека Бугарија е првата словенска држава која го прима христијанството. Низ средновековието бугарските иконописци се придржуваат кон византиската традиција.
„Св. пророк Илија“, 19. век
Иконата на Захариј Цанов од 1856 година е блиска до Тревненската школа. Организаторката на изложбата објаснува дека идејата за оваа голема изложба дошла од градот-партнер во Холандија- Дордрехт.
„Св. Марина", 18 век
Автор на оваа икона од втората половина на 18. век е Зограф Вионос. Преродбата на бугарскиот иконопис во 18 и 19 век е поврзан со постепеното откажување од аскетството и стремеж кон поживи слики. „Важна улога во бугарските икони од тој период игра пејзажот во заднина“, пишуваат организаторите на изложбата.
„Св. Јосиф и Христос Емануил", 19 век
Оваа икона е од 1850 година, а авторот е анонимен. Организаторот објаснува дека низ 19 век, боите на бугарските икони се поинтензивни и пооптимистични, зографите во творбите вметнуваат и елементи од секојдневието, а во стилот се чувствува и влијанието на западното декоративно искуство, особено на барокот. Тоа најмногу се забележува во пластичниот изглед на лицата.
„Св. Богородица", 19 век
Иконата е од првата половина на 19 век, а автор е Кнчо Иванчов. „Мене лично многу ми се допаѓа оваа иконата со прекрасната изрезбана рамка. Бугарското дрворезбарство било на исклучително високо рамниште. Оваа икона ја избравме и за плакатот на изложбата“, вели организаторката.
„Воскресение Господово“, 16 век
Оваа икона е од анонимен автор и потекнува од крајот на 16. или почетокот на 17. век.
„Ерусалимска икона", анонимен зограф, 1859 г.
Кураторката на музејот Хауштајн-Барч посочува на нешто многу важно: „Според стилот бугарските икони јасно се разликуваат од руските и грчките. Тоа особено важи за иконите од епохата на Воскресението изложени кај нас“. Таа дополнува дека по 500- годишно османлиско владеење, во тоа време Бугарите повторно го откриваат својот идентитет.
Археолошкиот музеј во Варна
Музејот е основан во 1887 година од браќата Карел и Херман Шкорпил. Во него се чува и најстарото обработено злато во светот кое потекнува меѓу 4.200 и 4.600 година пред новата ера.