1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шимон Перес: неуморниот борец за мир

Диана Ходали
30 септември 2016

Поранешниот израелски претседател почина на 93-годишна возвраст.

https://p.dw.com/p/2Qg4V
Israel Prortrait Shimon Peres s/w
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Scheiner

Тој беше еден од основоположниците на државата Израел- човек, кој речиси целиот живот и го посвети на политиката и беше речиси на сите клучни министерски функции во земјата, од одбрана преку финансии до надворешна политика. Шимон Перес беше и трипати премиер, иако само за преоден период. Тој не беше избран на таа функција никогаш. Во ниту еден временски период Перес меѓутоа не беше омилен толку како во времето кога ја извршуваше функцијата претседател на Израел. Тој не престана да верува дека мора да има  политичко решение за конфликот со Палестинците. Овој став му ја донесе и Нобеловата награда за мир.

Меѓутоа меѓу неговото пристигнување со родителите во тогашна Палестина во 1934 година и неговата смрт лежи кариера, за која контроверзно се дискутира; без него немаше да има некои израелски населби на Западниот Брег а ќе го немаше и атомскиот реактор Димона. Често го нарекуваа „татко на израелското атомско оружје“. Во политичката тој мораше повеќепати да претрпи порази: трипати (1981, 1988, 1996) тој не успеа во изборната трка за премиерската функција како главен кандидат на Лабуристичката партија. Покрај тоа во 2000 година тој претрпе пораз во Кнесетот како кандидат за функцијата претседател на државата. Но на крајот на Перес секогаш му успеваше камбек.  Сите дијагноси кои политички го отпишуваа, постојано беа погрешни.

Israel Sonya Peres & Schimon Peres
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Chanania

Визија за демократски-еврејски Израел

А всушност Шимон Перес, роден како Шимон Перски требаше да биде земјоделец. Пораснал во чисто еврејско село во Полска, кога неговите родители ја напуштиле Полска и дошле во Палестина, го испратиле 11-годишниот син на земјоделското училиште Бен Шемен, на североистокот на земјата. „Секогаш имав чувство дека сум израснал во Израел“, изјави еднаш Перес говорејќи за своето детство. Уште како тинејџер тој меѓутоа повеќе се интересирал за политиката и религијата и станал член на партијата претходничка на денешната Лабуристичка партија. Перес секогаш ја следеше визијата за демократска и истовремено еврејска држава.

Тој ја уживаше довербата на Давид Бен Гурион, кој за време на војната за независност во 1948 година го испрати во странство, за да купува оружје. Стратешка задача, за која не можеше да се претпостави дека може да ја изврши еден 25-годишник. Поради тоа тој не можел да се бори и на фронтот, за што долго му замеруваа некои од неговата генерација. Во 1956 година следуваше војната за Суецскиот канал, во која коалицијата составена од Велика Британија, Франција и Израел упадна во Египет. Францускиот премиер Жи Моле потоа на почетокот на 1957 година во таен договор му вети на Перес ноу-хау за голем атомски реактор во пустината Негев кај Димона. Перес за тоа никогаш не смееше да говори јавно.

Jassir Arafat und Shimon Peres
Фотографија: picture-alliance/Pressens Bild Scanpix AB

Министер, но никогаш избран премиер

Во 1970 година тој конечно стана министер за транспорт и комуникации. Четири години подоцна стана министер за одбрана во владата на Јицак Рабин, кој подоцна поднесе оставка и функцијата до новите избори на неколку месеци му ја предаде на Перес.  Токму Перес беше тој кој ја одобри изградбата на првата еврејска населба на Западниот брег- Кедумим. Меѓу 1977 и 1992 година тој беше претседател на израелската Лабуристичка партија, но никогаш не успеа да победи на изборите и на тој начин да дојде до премиерската функција. Напротив: со неговата кандидатура во 1977 година заврши долгогодишната доминација на Лабуристичката партија. Премиерската функција премина во рацете на патијата Ликуд. По наредните избори беше воспоставен систем на ротација на премиерската функиција и Перес ја извршуваше од 1984 до 1986 година. Потоа трипати беше и министер за надворешни работи на Израел меѓу 1986 и 2002 година.

Шимон Перес беше истакнат критичар на израелската инвазија на Либан во 1982 година и го застапуваше ставот дека палестинскиот проблем може да се реши само по политички а не по воен пат. Во 90-те година тој сѐ повеќе и повеќе му се посветуваше на мировниот процес. Постојано апелираше до Израелците и палестинците да се заложат за мир. „ Ни ракети, ниту бомби можат да не запрат да донесеме мир на Блискиот Исток“, гласеше неговото кредо. Тој беше еден од архитектите на мировниот договор од Осло во 1992 година и заедно со Јицак Рабин и Јасер Арафат ја доби Нобеловата награда за мир. Кога во 1995 година Рабин беше убиен во атентат, Перес повторно на кратко по третпат ја презема премиерската функција.

Israel 2007 - Knesset Schimon Peres
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Silverman

Од политичар до мировник

Откако загуби и на изборите во 1996 година, тој кратко потоа го основаше Мировниот центар Перес, за да го поттикне мирот меѓу Израел и неговите соседи. Со 84 години тој се откаже од партиската политика и се кандидираше за претседателската функција.

Но се случи нешто, на кое никој не сметаше. Моше Кацав, политички новајлија, успеа во Кнесетот да освои повеќе гласови од Перес и стана претседател на Израел. Перес победува во сите анкети, но никогаш на избори, коментираа потоа израелските медиуми. Но кога Кацав во 2007 година мораше да даде оставка поради обвинувањата за сексуално злоставување, се отвори патот за Шимон Перес. „ Ја извршуваав речиси секоја државничка функција. Доживував порази ама ги достигнував и целите, за кои се надевам дека дадоа придонес за државата, нејзиниот мир и нејзината безбедност“. И навистина беше така. Тој беше модерен шеф на држава, кој беше наклонет кон западниот свет и кој сакаше да ја унапреди еврејската нација. Неговата функција ја извршуваше со дигнитет и мудрост.

До самиот крај Шимон Перес ја следеше визијата за нов Блиски Исток. Кон средината на септември 2016 година тој претрпе мозочен удар, по кој беше ставен во вештачка кома. Сега Шимон Перез почина на 93-годишна возраст во Тел Авив.