1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Шоудаун во Персискиот Залив

Удо Бауер
18 јуни 2019

Никој не сака да дојде до војна, ниту САД ниту пак Иран. Но сепак, воена ескалацијата се чини е речиси незапирлива, смета Удо Бауер.

https://p.dw.com/p/3KdN6
USS Abraham Lincoln und Marine Corps MV 22 Osprey Flugzeug
Фотографија: Imago Images/ZUMA Press/T. K. Labuguen

Реномираните израелски весници „Маарив“ и „Ерусалим пост“ од извори во ОН дознале дека американскиот претседател Доналд Трамп в петок ќе има средба со министерот за надворешни работи Мајк Помпео, министерот за одбрана Патрик Шанахан и повеќемина генерали. Тема наводно треба да бидат  евентуални „тактички напади“ врз ирански атомски постројки  како реакција на нападите од минатата недела врз нафтени танкери во Оманскиот Залив, влезот во Персискиот Залив.  

Од американско гледиште, нема никаков сомнеж дека зад нападите стои Иран. Искрено речено, доставените докази од страна на Пентагон не оставаат простор за други заклучоци, па колку и гласно да демантира Техеран.

Стандардно оружје на Револуционерните гарди

Опременоста и вооруженоста на брзите чамци во секој случај токму одговараат на она што иранските Револуционерни гарди го применуваат со години. Поморските магнетни мини кои беа употребени кај двата танкери, се стандардно оружје на персиските елитни трупи. Доказите кои ги доставија САД се значи понесоборливи од се што беше презентирано пред војната во Ирак. Техеран очигледно сакал да демонстрира дека неговите трупи се во состојба да го спречат пристапот во Персискиот Залив и со тоа пристапот кон арапската нафта.

Bauer Udo Kommentarbild App
Удо Бауер

А ова последново Доналд Трамп не може и нема да го дозволи, иако досега од нападите не беше засегнат ниеден американски танкер. Иако американскиот претседател постојано им ветува на своите избирачи дека не сака да игра улога на светски полицаец и ќе се повлече од војните на Блискиот Исток, сепак ќе го дисциплинира Иран. Зашто, секој Американец би се согласил дека на режимот на мулите мора да му се покажат границите доколку ја загрозува светската економија преку вакви подбуцнувања или можеби наскоро многу пожестоки воени акции. 

Од друга страна, фрустрацијата на иранската влада е повеќе отколку разбирлива. Таа се придржува кон сите свои обврски од Нуклеарниот договор, што е докажано со контроли, а сепак САД еднострано го откажаа договорот. Воведените американски санкции се брутални и од нив страда обичниот народ. Тоа сепак на Иран не му дава право во Заливот да се однесува како пиратите и повторно да ја активира својата атомска програма. Оваа стратегија е осудена на неуспех, со оглед на тоа што Техеран во регионот е во голема мера изолиран и воено безнадежно инфериорен. А САД сакаат да испратат дополнително илјада војници.

Ограничен воен удар е можен во секој момент

Од сето ова следува дека не треба да сме изненадени ако утре се разбудиме со веста за бомбардирање на иранските атомски постројки.  Американците сигурно нема да почнат голема војна, но и „ограничен удар“ ќе има последици. А тие можат да предизвикаат вистински страв.  Ние Европејците  би требало, посебно на Иран, јасно да му ставиме до знаење: ако Техеран итно не престане со своите провокации, тогаш неизбежна последователна последица е воена реакција. А тогаш Европа ќе биде на страната на САД, на нејзините арапски партнерски држави и Израел.