Штајнмајер – Литванија
13 јули 2007Реклама
На крајот на повеќедневната турнеја по Балтичките земји, шефот на германската дипломатија Фран Валтер Штајнмајер денеска допатува во Литванија. По политичките разговори во главниот град Вилнус, Штајнмајер ќе положи венец на меморијалот во Панериаи. Тамо во 1941-та година беа убиени 100.000 луѓте во рамките на напредувањето на германските сили. Од нив преку 70.000 беа Евреи.