Што се дише на Косово?
29 ноември 2019Фламур Марку е пулмолог од Приштина. Тој добро знае што дишат луѓето на Косово, зашто дури 97% од струјата се добива од јаглен:
„Воздухот всушност не е загаден само за луѓето во Обилиќ, туку и за оние во околните градови. На Косово нема точна статистика на болести предизвикани одзагадувањето на воздухот. Од загадувањето се главно погодени децата, но многу истражувања покажуваат дека од загадувањето на воздухот се погодени и многу бремени жени и поради тоа многу деца може да се родат со различни здравствени проблеми. Главни фактори кои предизвикуваат загадување на воздухотсе озонот, јаглерод моноксидот и партикуларните честички од 2,5 до 10 микрони кои може да поминат низ дишните канали и крвта и да предизвикаат различни проблеми.“
Висар Аземи е стручњак за енергетика од Balkan Green Foundation. Тој оценува дека премин на друг вид енергија не е лесен.
Повеќе во видеото на оваа тема:
Што велат граѓаните кои живеат буквално до термоцентралата во Обилиќ? Погледнете овде: