1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиАзија

Јапонија: Ковид-19 го отежнува справувањето со катастрофалните поплави

СН/дв
7 јули 2020

Најмалку 50 луѓе загинаа во големите поплави во Јапонија, додека спасувачките екипи се во трка со времето. Нивната работа дополнително се комплицира поради пандемијата. Повеќе во насловното видео...

https://p.dw.com/p/3euHF

Спасувачите во југозападна Јапонија денес ја продолжуваат трката со времето за да ги спасат жителите блокирани во местата погодени од разорните поплави и одроните на земјиште во кои досега починаа речиси 50 луѓе, а десетина се сметаат за исчезнати.

Обилниот дожд нема да запре сѐ до четврток, објави метеоролошкиот завод кој повторно издаде највисоко предупредување за опасност од поплавите и одроните на земјиште во големо подрачје на островот Кјушу, на југозападниот јапонски архипелаг. 
Од временската непогода најмногу е погодена префектурата Кумамото во која починаа 49 лица.

Japan I Auswirkungen nach Sturmflut
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP

Локалниот претставник Јутаро Хамасаки вели дека припадниците на службата за потрага и спасување ја продолжуваат трката со времето за да ги спасат жителите кои се блокирани во своите домови поради поплавите.

Japan I Auswirkungen nach Flut
Фотографија: picture-alliance/AP/Y. Sato

„Не одредивме временска рамка за спасувачите, но мораме навистина да го убрзаме ритамот бидејќи ни истекува времето. Луѓето нема да ги напуштиме“, рече Хамасаки. 
Поради големото невреме кое трае од саботата наутро се очекува да расте бројот на жртви. На терен се распоредени над 40.000 полицајци, пожарникари, припадници на крајбрежната стража и цивилна заштита.

Евакуацијата на загрозените дополнително се компликува поради стравот од коронавирусот и воведените мерки.

Пред две години, обилните дождови во западна Јапонија предизвикаа одрони и поплави во кои починаа над 220 луѓе. Околу 4.300 луѓе од овие погодени подрачја и натаму живеат во привремено сместување.