1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

20 години од првиот смартфон

Н. Домазетовиќ15 август 2016

Милијарди луѓе ширум светот не можат да си го замислат животот без смартфон. Поминаа точно 20 години откако првиот таков телефон се појави на пазарот.Во Македонија, во меѓувреме, во оптек се над два милиони мобилни уреди

https://p.dw.com/p/1JiOY
Фотографија: dpa/Nokia

Од првиот смартфон Нокиа 9000 Комуникатор до денешните модерни телефони минаа точно 20 години. Модерните смартфони забележаа значителен развој. Денес тие тежат помалку, а се способни да извршуваат многу повеќе функции за многу брзо време. Постојат и илјадници апликации кои придонесуваат на корисниците на смартфоните никогаш да не им биде здодевно. Денес има 1.9 милијарди корисници на смартфони во светот и тој број постојано расте. Во глобални рамки, само во првиот квартал од оваа година биле продадени 349 милиони уреди, што споредено со истиот квартал минатата година изнесува зголемување за 3.9 проценти. Најпродаваниот телефон е Самсунг Галакси С7, по што следуваат Ајфон 6с и 6с Плус.