1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

25 години од потпишувањето на договорот од Кемп Дејвид

26 март 2004
https://p.dw.com/p/AdGE
"Тоа беа времиња" би рекле некои кога денеска се одбележува 25-годишнината од потпишувањето на мировниот договор меѓу Израел и соседниот Египет. И денес многумина Израелци за тогашниот египетски претседател Анвар ел Садат велат дека бил политичар со визија. Заедо со израелскиот премиер Мехаем Бегин за тоа ја добија Нобеловата награда за мир. Петер Филип беше присутен на потпишувањето во Кемп Дејвид на 26 март 1979 година и се сеќава:

Тој вистински пролетен ден се случи нешто што малку кој го сметаше за можно: Израел и Египет - најголемата и најважна арапска држава - потпишуваа мировен договор. Во публиката најважните претставници на американската политика, големи делегации од Израел и Египет и политичари од целиот свет. Церемонијата започна со интонирањето на египетската химна.

Недостигаа Арапи - самостојниот пат на Египет во арапскиот свет беше проколнат, а Каиро изолирано. Патот до таму пак, водеше низ двегодишни разговори кога Садат соопшти дека е подготвен да оди до крајот на светот, ако треба и во израелскиот Кнесет за да постигне мир во регионот. Во Израел ги триеја очите и ушите во неверување особено по изборот на националистот Менахем Бегин за премиер. Но, тој го покани Садат во Ерусалим, по што следеа интензивни преговори што доведоа до "кемпдејвидксиот договор", под покровителството на тогашниот американски претседател Џими Картер.

Хатиква - израелската химна често може да се слушне во Вашингтон, зашто односите меѓу САД и Израел одамна се блиски. Претседателот Картер им се обрати на присутните:

"Двајца големи државници - големи за историјата на нивните земји - претседателот Анвар ел Садат и премиерот Менахем Бегин ја водеа оваа битка со повеќе храброст, жилавост и инспирација од кој и да е генерал...". Потоа се обрати и египетскиот претседател Садат:

"Египетскиот народ со неговото големо наследство и единствената смисла за историјата од почетокот ги разбра вредноста и значењето на овој договор".

И израелскиот премиер Бегин беше возбуден:

"Доаѓам од земјата на Израел, од земјата на Цион и од Ерусалим и стојам овде со сета понизност и гордост, како син на еврејскиот народ, како член на генерацијата на Холокаустот и со исполнетост". Примерот на Египет досега го следеше само Јордан.



Кај шпанските власти наиде на критика фактот дека информациите за можна трага која води кон Германија се најдоа во овдешните медиуми уште додека трае истрагата. Претставник на Министерството за внатрешни работи рече дека не се "особено среќни" поради информативната политика на надлежните германски власти, кои, како што смета Министерството, ги дале тие информации.

Вкупниот број на приведени лица во врска со истрагата за нападите од 11-ти март се зголеми на 19, од кои најмалку 13 се Мароканци, но има и двајца Индијци и еден Шпанец. 11 лица се наоѓаат и натаму в затвор. Се смета дека Мароканецот Џамал Зугам и уште петмина други ги активирале бомбите со помош на функцијата аларм за будење на вградени мобилни телефони, за што биле надлежни Индијците. Експлозивот потекнува од рудник од регионот на Астурија на северот на Шпанија, каде работел уапсениот Шпанец. Еден од уапсените Мароканци, инаку хемичар, ги правел бомбите.