400.000 луѓе предвремено умреле поради загаден воздух
16 октомври 2019Реклама
Европската агенција за екологија ЕЕА во Копенхаген соопшти дека во 2016 година околу 400.000 луѓе во Европапочинале предвремено поради вдишување ситна прашина, азотен оксид и други штетни гасови. Жителите од речиси сите градови во Европа се изложени на воздух кој е загаден над дозволените граници според критериумите на Светската здравствена организација. ЕЕА констатира дека со право граѓаните бараат поздрав воздух во градовите заради заштита на своето и здравјето на своите деца. „Време е за воведување промени во областа на енергијата, прехранбените производи и транспортот“, истакна директорот на ЕЕА, Ханс Бруникс при презентирањето на извештајот на квалиттеот на воздухот во Европа.