50 години култ кон „Ѕвездените патеки“
Генерации љубители на филмот ширум светот ги обожуваат „Ѕвездени патеки" и тоа нема наскоро да престане. Додека новото филмско продолжение се прикажува во кината, кус поглед кон минатото.
50 години „Ѕвездени патеки“
Култната серија започна во 1966 година под името „Ѕвездени патеки: Оригинална серија“. Беше запрена по само 79 епизоди поради мал интерес. Но тоа драматично се промени по слетувањето на Месечината во 1969. Во следните децении беа креирани уште пет серии, 13 филмови, видео игри, книги и стрипови.
Историски бакнеж
Во 1968, меѓурасниот бакнеж меѓу Капетанот Кирк (Вилијам Шатнер) и Офицер Ухура (Нишел Николс, горе десно) ги возбуди конзервативците во САД. "Ѕвездени патеки“ промовираа утописка визија на светот без расизам. Николс беше првата Афро-американка која доби водечка улога во филмската историја на САД.
Модерна фризура во 1960-те
Мистер Спок, половина човек и половина Вулканец, е офицер-научник на ѕвездениот брод Ентерпрајз. Долго беше портретиран од Леонард Нимој, кој почина во 2015. невообичаената фризура на ликот инспирираше многу тинејџери.
Клингонски- најпопуларниот непостоечки јазик
Лингвистот Марк Окранд го измисли јазикот на Клингонците, кои живеат на планетата Кронос, во 1984. Клингонскиот има свој посебен речник и граматика, и тоа мотивираше многу вљубеници да го научат јазикот. Некои фанови дури креираа и поп-музика на клингонски.
Фановите продуцираат сопствени филмови
„Трекис“ се најлојалните фанови на „Ѕвездените патеки“. Јирген Кајзер (35) е хардкор Треки и не можеле да се помири дека ТВ-серијата престана да се продуцира во 2005. Одлучил самиот да направи филм. Седум години подоцна успеа да го заврши едночасовниот филм наречен „Почеток на крајот“.
„Трекис“- документарец
Роџер Нигард ја прикажа неверојатната возбуда на фановите во неговиот документарец од 1997 „Трекис“. Фановите страсно дискутираат за „Ѕвездените патеки“ и објаснуваат зошто тоа е „повеќе од забава“. Се облекуваат како ликовите од серијата, зборуваат клингонски и организираат конвенции.
Погреб во вселената
Авторот на „Ѕвездените патеки“ Џин Роденбери беше меѓу првите луѓе чии кремирани посмртни останки беа лансирани во вселената. Американската компанија „Селестис“ нуди вселенски погреб. Мали урни со седум грама пепел се лансираат во вселената на оддалеченост од 550 до 800 километри.