1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

66 мртви во пожар во хотел во ски-центар во Турција

ЖА
21 јануари 2025

66 лица загинаа во пожар во хотел во турскиот скијачки центар Карталкаја во северозападна Турција. Повредени се најмалку 50 лица. Причината за несреќата сѐ уште е нејасна.

https://p.dw.com/p/4pPpI
Пожар ски-центар Турција
Пожар во ски-центар ТурцијаФотографија: Mehmet Emin Gurbuz/Anadolu/picture alliance

Најмалку 66 лица загинаа во пожар во хотел во скијачки центар во северозападна Турција. Претходните информации велеа дека има десет жртви. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Х изјави дека во пожарот во Карталкаја се повредени уште 50 лица. Во запалениот хотел се одвивале драматични сцени. Видео снимки прикажуваат луѓе кои се обидуваат со чаршафи да се спуштат покрај фасадата на хотелот во пламен.

Пожар ски-центар Турција
Најмалку десет лица загинаа во пожар во хотел во скијачки центар во северозападна ТурцијаФотографија: Mehmet Emin Gurbuz/Anadolu/picture alliance

Според државната новинска агенција Анадолу, пожарот избувнал во текот на ноќта од засега непознати причини. Некои од жртвите починале кога во паника скокнале од зградата, изјави гувернерот Абдулазиз Ајдин за државната новинска агенција Анадолу. Според него, во хотелот во провинцијата Болу престојувале повеќе од 230 гости. Ајдин веднаш додаде дека 30 противпожарни возила и 28 амбулантни возила по несреќата биле на пат кон запалениот хотел.

Пожар ски-центар Турција
Фасадата на хотелот била од дрво, па пожарот можел особено брзо да се прошириФотографија: IHA/AP/picture alliance

Фотографии покажаа дека горат покривот и горните катови. Телевизијата НТВ објави дека фасадата на хотелот била направена од дрво - поради што пожарот можел особено брзо да се прошири.

Карталкаја се наоѓа во популарна скијачка област во провинцијата Болу во Анадолија. Во Турција моментално има училишни празници. Скијачката област е популарна кај локалното население.