67-мо издание на Берлинскиот филмски фестивал
На меѓународниот филмски фестивал во Берлин годинава ќе бидат прикажани речиси 400 филмови.
Музичко отварање: „Џанго“
67-то издание на Берлинскиот филмски фестивал (9-19.02.2017) го отвори музичкиот биографски филм „Џанго“. Дебитантскиот филм на францускиот режисер Етијен Комар ја раскажува приказната за легендарниот џез и свинг музичар, Џанго Рајнхардт.
Австриска црна комедија
Режисерското деби на актерот Јозеф Хадер, црната комедија „Див глушец („Wild Mouse“) се очекува да биде фаворит на публиката меѓу останатите филмови кои се натпреваруваат. Одличната изведба на Хадер во главната улога на филмот „Штефан Цвајг: Збогување со Европа“ (2016) беше потврдена од критичарите.
„Trainspotting“ се враќа
Британската црна комедија е еден од главните наслови на фестивалот. „T2 Trainspotting“ е продолжение на култното патување на дрогата режирано од Дени Бојл во 1996. година кое е снимено со оригиналната актерска екипа 20 години подоцна.
100 годишнина од руската Октомвриска револуција
Покрај официјалните делови на програмата, Берлиналето го става фокусот и на неодамнешните проекти на модерните филмски уметници. Меѓу нив е и филмот „Младиот Карл Маркс“ („The Young Karl Marx“) кој ги опишува Карл Маркс (Аугуст Дил, десно) и Фридрих Енгелс (Штефан Конарске). Филмот е во режија на Раул Пек.
Случајот на Олег Сенцов
Во Москва во 2015 година, украинскиот активист и режисер Олег Сенцов под обвинение дека „планирал теористички напади“ беше осуден на 20- годишна казна во сибирски затвор. Организациите за човекови права го опишаа случајот како политички мотивиран. Документарниот филм „Судење: Државата Русија против Олег Сенцов“ е дел од годинешната програма на Берлиналето.
Млади таленти од Германија
Преку 14 филмови на новата генерација на германските филмски работници се промовирани преку серијата Перспективи на германската кинематографија. Еден од најоригиналните наслови со сигурност е „Самокритика на буржоарското куче“ од Јулијан Радлмајер.
Визии за иднината
Годинешната секција Ретроспектива дава поглед во минатото и ја покажува визијата на филмската индустрија за иднината на светот. Едно од најоригиналните дела е „Преупредување од вселената“ (1956) од јапонскиот режисер Коџи Шима.
Филмови од северот
На посетителите на фестивалот не им е потребна топла облека доколку сакаат да се соочат со мразот, благодарејќи на фестивалската секција НАТИВ. Годинава таа се фокусира на филмови од Арктикот. Филмот „Гневен Инук“ на Алетхеа Арнакук-Барил се осврнува на дебатата за ловење на фоки за Инуитите од северна Канада.
Вознемирувачки класици
Оние кои се плашат од зомби-апокалипса треба да го избегнуваат „Ноќ на живи мртовци“ на Џорџ А. Омеро. Реставрираната верзија на култниот филм од 1968. година ќе биде прикажана во секцијата Класици на годинешното Берлинале, заедно со други маестрални дела на филмската историја.
Таленти
За време на Берлинскиот филмски фестивал ќе биде одржани серија на работилници на кои ќе учествуваат повеќе од 250 млади таленти од 71 земја. Целта на работилниците е вмрежување со професионалци од филмската индустрија. Годинешниот фокус е „Храброст: Против сите шанси“ на која ќе се дискутира за новите предизвици во филмска индустрија.