1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

80 години Фолксваген-„Бубачка“

Астрид Пранге
26 мај 2018

Од националсоцијалистички голем проект до автомобилско светско чудо: Пред 80 години Хитлер го постави темелот за производство на Фолксвагеновата „бубачка“ во Долна Саксонија. И, „бубачката“ вози, и вози, и вози...

https://p.dw.com/p/2yMBV
Frankreich The Vochol im Museum Quai Branly
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Saulnier

Темелите на фабриката на Фолксваген во близина на Фалерслебен се поставени на 26 мај 1938 година. За конструкторот Фердинанд Порше со тоа почна подемот кон светски бренд. Автомобилот со „грпка“ станува симбол на германското економско чудо.