Биркеншток: Како германските сандали станаа култ
Имиџот на Биркеншток како ортопедска обувка одамна исчезна; денес сандалите имаат култен статус. Сега германската компанија дебитира на берзата во Њујорк. Поглед наназад во успешната приказна на сандалите.
Од моден ужас до бестселер
Сандалите Биркеншток долго предизвикуваа потсмев. Со години, овие еколошки, ергономски сандали беа сметани за практични, но не и модерни. Германските туристи кои ги носеа во странство беа исмевани. Денес, Биркеншток поставува рекорди во продажба, не само во Германија, туку и глобално.
Појавување во „Барби“
Легендарните Биркеншток сандали се појавија и во хит-филмот „Барби“, кога стереотипната Барби ги отфрли своите високи потпетици во замена за кафеави Биркеншток за да го истражи „вистинскиот свет“ надвор од Барбиленд. Сцената придонесе за огромен скок во продажбата на Биркеншток сандалите.
Традиционална германска компанија
Германската компанија која ги произведува сандалите е стара над 200 години, а корените ѝ се во основачот Јохан Адам Биркеншток, кој ги создал првите модели во 1774 година. Еден од најважните моменти за фабриката се случува во 1897 година, кога Конрад Биркеншток ја создава првата контурирана влошка. Но, минува уште долго време додека сандалата да стекне популарност.
Практичноста на прво место
Пресвртот го донесе неговиот внук, Карл Биркеншток. Во 1963 година, тој почна да продава ортопедски сандали чиј приоритет беа функционалноста и квалитетот пред естетиката. Здравствените работници беа главна мета на чевелот, кој си најде дом на клиниките и во лекарските ординации.
Мир, љубов и Биркеншток
Откако германо-американката Маргот Фрејзер ги откри сандалите за време на престојот во Германија во 1966 година, таа започна да ги дистрибуира во САД. Од 1970-те натаму, тие станаа омилена обувка на хипиците. Биркеншток станаа симбол на контракултурата и антиконформизмот.
Може ли Биркеншток да биде секси?
Од 1990-те, Биркеншток почна да се етаблира во модниот свет. Соработката со луксузните брендови како Диор, Рик Овенс и Валентино придонесоа за промена на имиџот. Фотографијата на супермоделот Кејт Мос со сандалите ги претворија во модна изјава. Хајди Клум дизајнираше сопствена колекција во 2003 година. (фотографија)
Биркеншток, луксузен бренд?
На почетокот на 2021 година, Л Катертон, приватна инвеститорска компанија во која удел имаат Бернар Арно и неговиот луксузен конгломерат ЛВХМ, купи акции во Биркеншток. Вредноста на акциите на Биркеншток во тој период беа проценети на 4 милијарди евра.
Made in Germany
Експертите ја проценуваат вредноста на берзанската понуда на над 8 милијарди евра. Тоа најверојатно ќе промени некои нешта, како сопственичката структура на семејната фирма. Она што ќе остане е седиштето на фабриката во Германија, каде се одвива 95% од производството.
Имиџот на Биркеншток како ортопедска обувка одамна исчезна и се промени; денес сандалите имаат култен статус, а ги носат модните икони.
Во средата, на 11 октомври, германската компанија дебитира и на берзата во Њујорк, а нејзината вредност се проценува на околу 8 милијарди евра. Поглед наназад во успешната приказна на сандалите.