1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Честит 11 Октомври - Денот на народното востание!

11 октомври 2023

Северна Македонија денеска одбележува 82 години од почетокот на Народноослободителната борба.

https://p.dw.com/p/4XNXe
Споменикот „Ослободителите на Скопје“
Споменикот „Ослободителите на Скопје“ Фотографија: Government of North Macedonia

Државниот празник годинава се одбележува под мотото „Непокор и слобода“. Централниот настан ќе се одржи пред Спомен - костурницата во Куманово, а владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од НОБ во Скопје и во Прилеп (на оваа фотографија Споменикот на ослободителите на Скопје)

На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во 110-илјадна армија. Повеќевековните идеали за основање македонска држава се оживотворени со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.