1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џафери: Не сме решиле што со патните исправи по 12 февруари

9 февруари 2024

Во Владата нема одлука дали на 12 февруари ќе се информираат другите држави дека престануваат да важат личните документи на граѓаните кои не се со уставното име Северна Македонија, вели премиерот Талат Џафери

https://p.dw.com/p/4cCXD

Талат Џафери:
„Најпрво ние треба да си преземеме мерки и активности кои се во наша надлежност и во наша одговорност. Не се исклучуваат комуникациите и со сите чинители што можат да го олеснат процесот, но прво битно е дека ние треба да одговориме на нашите обврски од овде за да ги спроведеме нашите обврски. Тоа што не може да се заврши е предмет на размислување и по тој пат да се искомуницираат сите фактори кои што можат да влијаат на средување на оваа состојба и да се исполнат обврските во соодветен рок, време, процедура за да обезбедиме функционалност на сите потреби на луѓето. 

Тоа се меѓународни норми и прописи кои се во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Ќе се направат соодветни консултации на ниво на Владата, соодветни консултации со меѓународните институции и по извршените консултации ќе се има и конечна одлука дали ќе се пристапи или нема да се пристапи кон таа процедура да се спроведе или не.“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема