1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Дали Германија може да екстрадира дезертери во Украина?

Наталија Недилко
23 септември 2023

Каков е статусот на мажи обврзани да служат војска, кои и покрај забраната ја напуштиле Украина и нашле засолниште во Германија? Дали тие може да ѝ бидат предадени на Украина??

https://p.dw.com/p/4WKzr
Украина плакат воена служба
Воена служба, не благодарам? Не сите мажи во Украина ги следат повиците на владата во Киев за мобилизација Фотографија: Sergei Supinsky/AFP via Getty Images

Во Украина и натаму се води дебатата за мажите резервисти кои по нападот на Русија пребегале во странство и така се спасиле од мобилизација. Во преден план се работи за дезертерите кои со купени лекарски потврди за неспособност за служење војска, можеле да заминат во странство. Дали сега може да бидат повикани на одговорност? Дебатата неодамна повторно ја разгоре шефот на пратеничката група на владејачката партија „Слуги на народот“ во украинскиот парламент, Давид Арахамија.

Испорачувањето лица на Украина кои нелегално избегнале служење во војската, е можно затоа што „меѓународната правна помош во последно време е засилена“, вели Арахамија и алудира на случаи кои биле откриени при контролите и каде станува збор за поткуп, фалсификување документи и бегство од мобилизација.

„Властите може да бараат испорака на тие лица и враќање во Украина каде што ќе одговараат“, рече Арахамија на украинската телевизија.

Украина Претседателот Зеленски во посета на украинските војници на фронтот
Секогаш во смртна опасност: Претседателот Зеленски во посета на украинските војници на фронтотФотографија: president.gov.ua

Украинскиот министер за правда, Денис Маљушка, пак, вели дека е проблематично да се постигне враќање во Украина дури и во контекст на многу поочигледни кривични дела, како на пример бегството на корумпирани функционери во странство.

184 илјади Украинци во Германија

Министерот на украинската телевизија рече дека „судовите се многу внимателни кога е во прашање испорака на луѓе, особено затоа што кај нас владее војна“,но дека е сигурен оти ситуацијата ќе се подобри кога ќе бидат сменети законите во правец на поголема сигурност за дотичните лица.

Според информации од Максимилијан Кал, портпарол на Министерството за внатрешни работи на Германија, Киев досега нема упатено барање до германските власти за испорака на мажи на возраст за служење воен рок кои илегално ја напуштиле Украина, или по нивното илегално заминување не се вратиле назад во земјата. Според податоци на полицијата, во Германија по 24 февруари 2022 година се влезени 214.263 машки државјани на Украина, кои на 31 јули годинава биле на возраст меѓу 18 и 60 години. Од нив уште 184.272 престојуваат во Германија, се вели во одговорот на прашање од ДВ.

Но, информации за тоа колкумина од овие мажи се влезени и престојуваат во Германија без да кршат украински закони, нема. Нејасно е и колкумина може да се дезертери кои избегнале мобилизација со поткуп, фалсификување документи, илегален премин на границата или благодарени на други околности.

Германија: Курсевите по украински јазик целосно пополнети

Како е регулирано ова прашање?

Правна основа е Европскиот договор за испорака на лица и додатните протоколи 2 и 3 кон овој договор. Во него се предвидува како предуслов дејствието да е казниво и во државата која бара испорака, и во државата која треба да го испорача лицето. Но, членот 4 исклучува испорака за дејствија казниви врз воена основа со што „во прва линија се мисли на деликти кои се состојат исклучиво во повредата на воени должности“, објаснува портпарол на Министерството за правда на Германија, на прашање на ДВ.

„Но, ако некое дејствие е казниво и според општото кривично право, како на пример поткуп за да се избегне мобилизација, тогаш исклучокот не важи“, се вели во објаснувањето од Министерството за правда.

Екстрадиција заради фалсификување документи?

„Во случаите на фалсификување на документи, користење лажни потврди или поткуп, може да се бара испорака“, вели Франк Петер Шустер, професор по меѓународно право на универзитетот „Јулиус Максимилијан“ во Вирцбург во разговор со ДВ. тоа не го спречува ни статусот за украинските бегалци како заштитени лица.

Но, Украина прво мора да собере докази, да започне процес, да покрене обвинение или да донесе пресуда во отсуство и потоа да поднесе барање за испорака. Дури потоа германските судови може да почнат со разгледување на причините. тоа го потврдува и Руди Фридрих од организацијата што се залага за правата на лица кои одбиваат да служат војска. Досега прашањето за можно испорачување на украински дезертери било „многу хипотетичко“, вели тој и додава дека не постои ниту еден таков покренат случај во пракса.

Во Германија, украинските бегалци се заблагодаруваат на владата што ги прифати во земјата
Во Германија, украинските бегалци се заблагодаруваат на владата што ги прифати во земјатаФотографија: Sachelle Babbar/ZUMA/picture alliance

Теоретски можно, но...

Но, дури и теоретски да започне постапка за проверка на барањето за испорака, нема да биде едноставно тоа да се постигне. Една пречка за тоа според Франк Петер Шустер е одбивањето служење војска заради совеста, кое во Германија е дозволено и втемелено во Уставот.

Фридрих пак нагласува дека и во постапката за испорачување е можно да се поднесе барање за азил. „Барање за азил значи дека едно лице е ставено под заштита на постапката за азил. За лицата кои одбиваат да служат војска ситуацијата е таква што ако стравуваат дека во Украина ќе бидат кривично гонети заради тоа, тогаш имаат право да бараат азил“, потенцира Фридрих. Колку украински мажи во Германија одбиваат да служат војска заради совеста и колку од нив ја напуштиле Украина од други причини, не се знае. Украинските бегалци до сега не мораат да поднесуваат индивидуални барања за азил, туку уживаат привремено во заштитата на ЕУ без да наведуват посебни причини за тоа. Таквиот статус за сега им дава право на престој до март 2024 година и може да биде продолжен за дополнителни 12 месеци. Во иднина, кога ќе истечат овие рокови, мажите кои одбиваат да служат војска, можеби ќе треба да одлучат меѓу враќање во Украина, или поднесување барање за азил, кој може да биде и одбиен, како што предупредува Руди Фридрих посочувајќи на искуствата од 2015 и 2016 година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи