Зеленски: „Порано велевме: мир. Сега велиме: победа!“
24 август 2022Украинскиот претседател Володимир Зеленски во емотивниот говор по повод 31-годишнината од независноста на земјата порача дека Украина повторно се роди кога Русија изврши инвазија на 24 февруари и оти ќе го поврати анектираниот Крим и окупираните области на истокот на земјата.
Тој вети борба до крај против руската инвазија и порача дека Киев нема да направи никакви отстапки или компримиси.
„Не ни е грижа каква војска имате, ние се грижиме само за нашата земја. Ќе се бориме за неа до крај“, рече Зеленски во обраќањето за денешниот националниот празник, кој се совпаѓа со денот кога пред шест месеци започна руската инвазија врз Украина.
„На 24 февруари во 4 часот наутро во светот се појави нова нација, таа не се роди, туку се прероди. Нација која не плачеше, не врескаше и не се плашеше. Која не побегна. Не се откажа. И не заборави“, рече тој.
Во снимениот говор, претседателот рече дека Украина не видела дека војната завршува кога имаше мир, туку ќе заврши кога Киев всушност ќе биде победник.
„Што е за нас крајот на војната? Порано велевме: мир. Сега велиме: победа“, рече тој.
44-годишниот воен водач го одржа говорот во неговиот заштитен знак камуфлажна униформа во Киев пред централниот споменик на независноста на Украина од Советскиот Сојуз.
Улиците во центарот на Киев беа невообичаено празни утринава по неколкудневните сериозни предупредувања за можноста Русија да изврши нови ракетни напади врз големите градови.